ФОТО I Најмалку пет жртви откако „цесна“ се урна врз хангар во Полска

Најмалку пет лица загинаа, а пет се повредени кога авион „цесна“ синоќа се урна врз хангар на аеродромот во Насиелск, во близина на Варшава, соопшти полската полиција.

– Загинаа пет лица. Петмина се повредени, а четири лица воопшто не се повредени, изјави Моника Новаковска-Бринда од локалната полициска команда за полската телевизија Полсат.

Најмалку 10 лица се засолниле во хангарот од дождот, а авионот удрил во хангарот околу 19 часот додека се обидувал да слета во лоши временски услови. Меѓу загинатите е и пилотот.

Авионот се користел за скокови со падобран.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.