ФОТО I На паркинг пред спортска сала во Скопје пронајдени дрога и пиштол

Скопјанец е уапсен синоќа околу 1 часот по полноќ.

-На ул.„Втора Македонска бригада“ во Скопје, на паркинг пред спортска сала, од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода Н.Ј.(47) од Скопје, затоа тоа што кај него биле пронајдени и одземени прашкаста материја и пиштол „берета“ за кој не поседувал дозвола, информира МВР.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.