ФОТО I Откриен најстариот тоалет во светот

Најстариот тоалет на светот, користен пред два ипол милениуми е откриен во Кина.

Кинеските археолози тврдат дека го откриле најстариот тоалет на светот. Речиси два ипол милениумска кутија и цевка се пронајдени на археолошки локалитет во близина на кинескиот град Ксиан.

Тоалетот е откриен во урнатините на палатата Јујанг, а археолозите веруваат дека датира од периодот на завојуваните држави од 424 п.н.е. до династијата Чин од 221 до 206 п.н.е.

Се верува дека луксузниот тоалет, како што го нарекле експертите, бил внатре во палатата, со цевка што го поврзувала со јама надвор од палатата. Секогаш кога се користел тоалетот, слугите морале да истураат вода во него.

Лиу Руи од Институтот за археологија на Кинеската академија за општествени науки вели дека ова е првиот и единствен тоалет со вода пронајден во Кина.

– Сите бевме изненадени пред да почнеме да се смееме – вели Руи.

Тоалетот најверојатно бил резервиран за високи функционери за време на периодот на завојуваните држави и подоцнежната династија Хан. Според експертите, можно е да го користела династијата Чин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.