(ФОТО и ВИДЕО) Џип на МВР со четири девојки лета по грчките патишта?

Злоупотребите на службените возила на министерствата и другите владини служби во приватни цели не се особена новина кај нас, меѓутоа, како и секоја претходна, така и актуелната власт ветуваше ставање крај на ваквата практика. Сепак, според се судејќи, на повидок е нов скандал од ваков вид и бескрупулозно искористување на јавнте ресурси.

Редакцијата на НетПрес на почетокот од штотуки започантиот викенд доби видео и фото материјал проследен со информацијата дека во соседна Грција е забележано луксузно теренско возило кое е сопственост на Министерството за внатрешни работи, но коешто се користи во приватни цели.

Имено, според неофицијалните сознанија, теренецот „Ренџ Ровер Дискавери Спорт” со регистерски таблички СК-9559-АЛ, во моментов во Грција го користат четири млади девојки кои летуваат во популрарниот камп „Евридки“.

Нашите извори засега не можат да потврдат дали девојките сами управуваат со службеното возило или, пак, ги вози службен возач од министерството.

За веродостојаност на информацијата, односно за евентуалната злоупотреба, НетПрес побара официјални информации од МВР: Имено дали луксузниот џип „Ренд Ровер Дискавери Спорт” со регистрација СК-9559-АЛ е возило на Министерството за внтатрешни работи? Дали во МВР знаат каде е возилото во моментов? И дали смее член на семејство на вработен во МВР кој е задолжен со службено возило да го управува истото?

Од сужбата за односи со јавноста при МВР ни беше одговорено дека прашањата ќе бидат проследени до надлежните и доплнително ќе ни биде одговорено.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.