ФОТО и ВИДЕО| Една жртва и двајца исчезнати во поплавите на грчки Крит

По големите поплави во регионот Хераклион на грчкиот остров Крит пронајден е мртов маж, а две лица се водат како исчезнати, објави во саботата локалната противпожарна служба.

Педесетгодишник останал заробен во неговиот автомобил во текот на поплавите предизвикани од обилните дождови кои го погодија големиот јужен грчки остров.

Според пожарникарите, полесно е повредена една жена, којашто исто така останала заробена во автомобилот. Изведено е и извлекување на уште најмалку девет лица кои останале заглавени во автомобилите однесени од поројните брзаци.

Локалните медиуми известуваат за големи материјални штети во крајбрежните села каде улиците наликувале на надојдени реки кои пред себе носат сѐ што ќе им се најде на патот.

Подпрефектот на регионот, Никос Сјиригоакис го повика населениет да го ограничи движењето.