(ФОТО и ВИДЕО) Летечкото такси беше тестирано во Германија

Летечкото такси возило може да пренесува до четири патници со максимална брзина до 120 километри на час на растојание до 100 километри, соопшто во понеделникот ресурсот Travel and Leisure.

Ваквите летечки такси возила го добија називот „CityAirbus“, тие се управувани далечински и работата на електрична енергија. Тестот бил изведен на 31-ви јули.

Креаторите се надеваат дека во блиска иднина ќе може да започне транспортот на патници во градовите, овозможувајќи да се избегнат градските метежи.

Секое вакво транспортно средство е придвижувано од четири пропелери. Летечкото такси има уште една предност, тоа е практично бесшумно.

Покрај тоа, нема потреба од управување на возач, што во услови на зачувување на социјалната дистанца во услови на пандемијата со коронавирусот претставува важна преднсот пред такси-возилата кои се движат по земја.

Својот прв лет уредот го изведе во Германија во декември 2019 година, откако успешно ги мина тестовите. Меѓутоа, сѐ уште не е одреден точниот датум кога летечкото-такси ќе биде пуштено во употреба,

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.