ФОТО и ВИДЕО| Мадона повторно шокира со своите бакнежи

Поп-иконата Мадона и во седмата деценија од животот повторно успеа да го провлече вниманието на светската јавност со своето провокативно однесување, а овојпат како повод го искористи ЛГБТ Месецот на гордоста.

Таканаречениот Pride Month се одржува во САД во знак на сеќавање на бунтот Стоунвол, кој се одиграл кон крајот на јуни 1969 година. Оттогаш во текот на овој месец се организираат бројни настани за да се препознае влијанието на ЛГТБ лицата на светот.

Мадона тоа очигледно го сфаќа многу сериозно, што и го покажа ан својот концерт изминатиот викенд во Њујорк, каде што една од нејзините изведби ја зачини со бакнежи со 26-годишната раперка Токиша од Доминаканската Република.

Мадона со Токиша го изведе својот хит од 2005 година „Hung Up“, а на сцената го изведоа со дива и доста перверзна танцова кореографија.

Во моментите која младата раперка клекна пред 63-годишната Мадона, пејачката рече „Тоа е тешка задача, но некој мора и тоа да го направи“, алудирајќи на орален секс, по што разменија страсни бакнежи.

Токиша, како што ја опишува влијателното музичко списание Rolling Stone, претставува симбол на „сексуалната слобода, квир страста и радикалнито феминизам“.

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.