ФОТО и ВИДЕО| Малијка се породи со деветорка

Дваесет и петгодишната Халима Сисе, жителка на градот Тимбукти во Мали, претходно седмицата се породила со девет бебиња, од кои пет се девојченца а четири се момченца, објави средата порталот Maliweb, повикувајќи се на изјава од малиското министерство за здравство и социјален развој.

„По двонеделен престој во болницата во главниот град Бамако, Халима Сисе по личен налог на привремениот претедател на Мали, Ба Н’дао, на 30-ти април беше пренесена за породување во Мароко. Со помош на царски рез на 4-ти мај таа на свет донесе девет новородени бебиња“, се наведува во писмената изјава.

Со додава дека раѓањето на деветте деца било своевидно изненадување, бидејќи прегледите направени со ултразвук и во Мали и во Мароко дале резултати дека носи седум бебиња, а се истакнува дека сепак „мајката и децата се добро“.

Спред податоците на Светската банка, во Мали има 6,3 милиони деца по жена. Според овој показател северноафриканската супсахарска земја е втора во светот, по соседниот Нигер. Мали, исто така, е една од трите земји со најмладо население во Африка, со просечната возраст на жител од 16,3 години.

Повеќефетусните бремености неретко завршуваат со компликации и губење на некој од плодовите. Првиот забележан сличај на ваква деветократна бременост бил регистриран во 1970-те години во австралиски Сиднеј, но за жал, ниедно од бебињата не преживало. Следниот ваков случај е регистриран на 26-ти март 1999 година во Малезија, кај Зурина Мат Саад. Како и во австралискиот случај, ниедно од бебињата не преживеа подолго од шест часа.

Во 2009 година жена во САД се породи со осум бебиња, сите го преживеаја породувањето, а до 2019 година сите осум го прославеа својот десетти роденден. Надја Сулеман стана позната како „Октомајка“ кога на 26-ти јануари 2009 година во Калифоранија роди шест момченца и две девојченца, откако била вештачки оплодена. Во овој случај интересно беше што Сулеман претходно имаше веќе шест деца, исто така, зачнати со вештачко оплодување.

Еден од последните познати случаи на повеќекратна бременост е случајот кога жена во Тексас роди шесторка, две двојки машки близначиња и еден пар женски близначки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.