22.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

ФОТО и ВИДЕО| Мелани по стапките на мајка си, успешен старт на кариерата на талентираната ќерка на Соња и Јохан Тарчуловски

Македонската фолк пејачка Соња Тарчуловска нема кој не ја познава. И по нејината естрадна кариера и по тоа што е сопруга на македонскиот бранител и патриот Јохан Тарчуловски.

Но, малкумина занаат дека нивната постара ќерка Мелани тргна по стапките на мајка и. 16 годишната тинејџерка не само по својата убавина, туку и по вокалните предиспозиции е на најдобар пат да ја стигне и надмине мајка и.

Инаку, Мелани е најстарото дете на Соња и Јохан Тарчуловски, кои покрај неас уште ги имаат синот Младен кој има 14 години и најмалата ќерка Јоана, која има 6 години и е прваче.

Мелани е ученичка во средното музичко училиште “Илија Николовски-Луј”, за кое вели дека и’ помогнало во процесот на создавање на новитети на мизички план. Во слободното време таа пишува текстови и поезија во чие создавање, како што самата вели, вистински ужива.

Мелани летово стапна на големата фестивалска сцена и беше најмладиот учесник на фестивалот „Охрид фест- Охридски трубадури 2021“, со песната „А ти“. Елегантно дотерана,, таа одлично се претстави на Интернационалната вечер, па многумина забележаа дека на прв поглед таа многу личи на мама, и изгледа како Соња во помлади години, на што фолк-пејачката е бескрајно горда.

Соња Тарчуловска иако досега имал бројни настапи, никогаш не се чувствувала повозбудена и немала повеќе трема отколку во моментите кога ја гледала својата ќерка Мелани како пее на големата фестивалска сцена.

„Песната “А ти” е снимена во студиото на Иле Спасев, кој е и аранжер на песната. Сè се одвиваше доста брзо и спонтано, посебно бидејќи до мене имаше искусна личност за соработка како него. Тука сакам да ја спомнам и Весна Малинова која беше меѓу првите кои ја слушнаа мојата прва авторска песна и ми беше голема поддршка“ – изјави тогаш младата пејачка за „Женски магазин“ и додаде:

„Сè беше онака како што очекував. Моето семејство е мојата најголема поддршка отсекогаш. Мајка ми беше со мене до последната минута пред настапот“ – раскажа Мелани.

Покрај училишните обврски, младата Мелани најавува дека работи на неколку проекти и се надева дека тие набргу ќе се реализираат.

Во секој случај Мелани покажува дека е не само убава, туку и мошне талентирана млада девојка, со вокални, но и авторски способности. Како тргнала, може многу лесно да се случи, бргу да ја надмине и мајка и.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.