ФОТО и ВИДЕО| Најмалку 23 загинати во уривањето на надвозник во Мексико

(Photo by Pedro PARDO / AFP)

Најмалку 23 лица ги загубиле животите а уште 65 се хоспитализирани во мексиканската престолнина Сиудад де Мехико, кога надвозник на кој се наоѓале вагони на градската (метро) железница делумно се урнал на патот во понеделникот ноќа по локално време.

Драатичните видео-снимки емитувани на локалниот телевизиски канал Milenio покажуваат како надвозникот на метро линијата 12 се урива со вагоните на него.

Според досегашните податоци, кои се менуваат од час во час, загинале 23 а ранети се уште 65 лица, објави градската служба за упраавување со ризици и цивилна заштита.

Градоначалничката на Сиудад де Мехико, Клаудиа Шејнбаум, го посети местото на несреќата.

„За жал, има мртви и повредени, помагаат пожарникарите и лицата за јавна безбедност. Вклучени се повеќе болници. Наскоро ќе имаме повеќе информации“, објави Шејнбуам на Twitter.

Уривањето се сличило во областа на станицата „Оливос“ на југот од градот во 22,25 часто по локално време, односно 6,25 по македонско време, која на надвозникот минувала компзиција на метротот. Во колапсот два вагоа паднале од височона од околу 10 метри.

Снимките емитувани на мексиканските телевизи и на социјалните мрежи прикажуваат екипи на итната медиицнска помош и пожарникари кои ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани.

Метролинијата број 12, на којашто се наоаѓа станицата „Оливос“, во работа е пуштена кон крајот на октомври 2012 година. Била градена во времето кога министрор за внатрешни работи Марсело Ебрард бил гврадоначалник на Сиудад де Мехико.

„Ова што денеска се случи е ужасна трагедија. Мојата солидарност со жртвите и нивните семејства. Секако, причините мора да се истражат и да се дефинираат одговорностите. Повторувам дека стојам на располагање на властите да помогнам во сѐ што е потребни“, ибјави Ебрард на Twitter.

Последниот голем инцидент на главниот град на Мексико се случи во јануари, кога еден маж почина во поќарн во централната станица во историскиот центар на мегалополисот, а уште 29 беа повредени. Тогаш три дена беше затворена, а речиси еден месец траеше ставањето во функција на шест линии.