(ФОТО и ВИДЕО) Неколку загинати во пад на пешачки мост во Мајами

Пешачки мост во непосредна близина на меѓународниот универзитет Флорида се урна во четвртокот на автопат со шест коловозни ленти, при што смртно настрадале неколку лица, пренесува телевизиската мрежа NBC News, која се повикува на сообраќајната полиција.

Мостот свечено е отворен во саботата, но сѐ уште не бил пуштен во сообраќај. Покрај тоа, ниту студентите не биле во универзитетскиот кампус, бидејќи траат пролетните распусти.

Очевидци за локалните телевизии изјавиле дека паднал врз неколку автомобили. Огромна дигалка и бројни возила на итната помош биле испратени на местото на несреќата за да ги евакуираат настраданите.

Според телевизијата CNN, која се повикува на полициски извори, потврдена е смртта на неколку лица, но нивниот број не се прецизира, но се наведува дека повредени се меѓу пет и седум луѓе.

Во извештајот на ABC News се наведува дека мостот паднал врз пет или шест автомобили. Под остатоците, веројатно има преживеани, а припадници на спасувачките служби се обидувале да ги извлечат.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.