(ФОТО и ВИДЕО) Објавена нова снимка од апсењето на Џорџ Флојд

Британскиот весник The Daily Mail објави ексклуизвни снимки од смртоносниот обид за полициски апсење во американскиот град Миенаполис кон крајот на мај, кога со смртонесен зафат на бел полицаец беше задушен афроамериканецот Џорџ Флојд чијашто смрт предизвика масовни протести ширум САД против расизмот и полициската бруталност кои траат до денес.

На видео-снимката направени со камерите кои на униформата ја носеле полицијците Томас Лејн и Алекс Куенг, се гледа како еден од полициските службеници вперува пиштол во главата на Флојд, кој во тој момент е зад во воланот на својот автомобил. Како одговор, мажот преплашен и низ солзи го моли полицаецот да не пука во него.

„Офицеру, те молам не стрелај во мене. Те молам, пријателе“, се слуша гласот на Флојд на снимката, по што постојано ја повторува молбата да не биде застрелан.

На снимката се гледа како мажот плаче, вреска и се жали на клаустрофобичност, а исто така кажува дека не може да дише. Сепак, полицијаците не покажуваат милост и покрај неговите предупредувања.

Двајца полицајци потоа го носат Флојд до возилото и кошкањето започнува кога тој одбива да влезе во полицискиот автомобил велејќи дека има клаустрофобија. Тој паѓа на земјата. „Стани. Престани да паѓаш“, му вели Куенг и му наредува да се сврти со лицето кон возилото.

Флојд повторно моли да не биде сместен во возилото и укажува дека има страв од затворен простор.

„Да, ќе умрам тука. Умирам, човеку. Само што имав ковид. Не сакам да се вратам… “, вели Флојд.

Лејн вели да ги спушти прозорците на возилот за да му помогне да ја контролира неговата фобија, но Флојд повторно дава отпор и вели дека е преплашен,.

Случаен минувач го советива Флојд да се смири зашто очигледно не може „да победи“ во ситуацијата во која се наоѓа. „Не сакам да победам. Јас сум калустрофобичен и имам анксиозност. Не сака да сторам ништо“, бели Флојд.

Додека сѐ уште е во полициското возило Флојд ја изговорува реченицата којашто подоцна станува синоним за неговата смрт – „Не можам да дишам“.

Набргу во кадарот влегува полицајците Шовин и Тао. Полицајците конечно ја затвораат забдата врата, но од нејасна причина која не се забележува на снимката, Флојд излегува од вратата во патничкиот простор и сѐ уште дава отпор. По неколку секунди, тој лежи на тротоарот притиснат од коленото на Шовин, а Лејн и Куенг помагаат да биде задржан на земјата.

Повторно вели дека не може да дише, ја повикува својата мајка, но полека неговиот глас слабее сѐ додека потполно не стивне. „Кажете им на моите деца дека ги сака. Јас умирам“, вели Флојд во еден момент.

Шовин, кој го притискал на вратот Флојд, е обвинет за убиство од втор и трет степен. Тао и Куенг, како и Лејн, се обвинети за помагање и поттикнување на убиство.

Флојд бил приведен поради обвинение дека се обидел да користи фалсификувани банкноти од 20 долари, а откако му биле ставени лисиоци, двајца полицајци го легнале на земја, Шовин со голеното му ги притискал вратот, а четвртиот држел стража.

Инцидентот предизвика протести проследени со безредија и вандализам ширум САД, а потоаи и во светот, и повторно ја покрена националната дебата за расизмот и полициската бруталност. Против немирите на масовните протести под мотото „Black Lives Matter“ беше ангажирана и Националната гарда на САД која ги помагаше локалните полициски служби. Во околу 40 градови низ земјата, вклучително и Вашингтон и Њујорк, беше воведен и полициски час.

 

Продавачот снимен од камерата на полицајците кој пријавува дека маж (Флојд) кој сѐ уште е пред продавницата користел фалсификувана банкнота.