(ФОТО и ВИДЕО) Поборниците на независноста на Каталонија го блокираа сообраќајот меѓу Шпанија и Франција

Поборниците на независноста на Каталонија во понеделникот започнаа со блокирање на сообраќајот на границата меѓу Шпанија и Франција, продолжувајќи со протестите поради осудителните пресуди за каталонските функционери поради организирањето на референдумот за независност од 1-ви октомври 2017 година.

Сообраќајот е прекината на авопатот АР-7, главната сообраќајница меѓу Шпанија и Франција. На граничниот премин Ла Жонквера, демонстрантите со паркираните возила го оневозможуваат сообраќајот, а потоа и самите седнаа на коловоозот.

„Слободат за политичките затвореници“ и „Шпанија, седни и разговарај“, беа транспарентите кои ги истакнаа, а поставија и препреки.

И од другата страна на границата, на француска територија, каде што исто така географски се простира историска Каталонија, демонстрантите го блокираат сообраќајот.

Најголемиот дел од Каталонија се наоѓа на шпанската страна, но има дел и во Франција, каде што каталонските поборници за независност, исто така, се залагаат за прогласување на заедничка Република Каталонија. Идентичен се случајот и со другата шпанска сепаратистичка покраина Баскија.

Десетици припадници на интервентните полициски сили се распоредени од двете страни на границата. Забележани се и напнати ситуации.
Платформата „Демократски цунами“ ги повокува жителите на протести, а некои најавија дека ноќта ќе ја минат на автопатот. Оваа платформа на 14-ти октомври, денот кога каталонските финкционери беа осудена на затворски казни во траење од 9 до 13 години, повика на блокада на меѓународниот аеродром „Ел Прат“ крај Барселона. Тогаш се одѕваа 25.000 демонстранти. Платформата стоеше и за блокирањето на железничката станица во Барселона.

Со овие блокади на фреквентни места се настојува на светот да му се укаже на „неправедните пресуди“, и да се интернационализира сукобот меѓу Барселона и Мадрид.