(ФОТО и ВИДЕО) Почина најмалиот човек на светот

Најнискиот човек на светот, Хагендра Тапа Магар, почина во 28-та година од животот, соопшти Гинисовата книга на рекордите.

Хагендра Тапа Магер се родил во Непал во 1992 година, и со своите 67,08 сантиметри беше прогласен за најнискиот човек на планетата кој може самостојно да се движи.

Првпат влезе во Гинисовата книга на рекордите во 2011година. Хагендра беше седум сантиметри повисок од Филипинецот Џунреји Балаунг, но поради болест вториот не можеше да застане на нозе без помош.

„Хагенда брзо го привлече вниманието на јавноста и во 2011 година беше прогласен за амбасадор на добрата волја на Непал во сферата на туризмот“, се наведува на сајтот на Гинис.

„Според пријателите, Хагендра во последно време имал проблеми со срцето, боледувал од астма и пневмонија. Бил примен во болницата ‘Манипал’ во Непал во четвртокот на 16-ти јануари, а починал во 15 часот по локално време во петокот“, се вели уште во соопштението.

Сега титулата најмалиот човек на светот која ја задржал подвижноста преминува на Колумбиецот Едуардо Нињо Ернандез, кој е висок 70,21 сантиметри.