(ФОТО и ВИДЕО) Претставени новите модели на смартфон, таблет и паметен звучник на Google

Корпорацијата Google ги презентираше во вторникот на презентација во Њујорк новиот модел паметен телефон Pixel 3 во два типа, таблетот Pixel Slate и паметниот звучник Google Home Hub, а настанот беше поставен на каналот YouTube.

Дијагоналата на екранот на паметниот телефон Pixel 3 со 14 сантиметри, и на Pixel 3 XL со 16 сантиметри. И двете верзии се опремени со 12,2 мегапикселна камера, како и со предна камера со 8 мегапискели. Уредите се достапни во три бои: бела, црна и бисерна.

И Pixel 3 и Pixel 3 XL се снабдени со процесорот Snapdragon 845 и со оперативна меморија од 4 гигабајти. Но корисниците ќе имаат на располагање и помоќни верзии со меморија од 64 и 128 гигабајти. Уредот работи на оперативниот систем Android 9 Pie. Како што беше кажано на презентацијата, двете верзии на овој паметен телефон се опремени со посебен чип за заштита од вируси и обезбедување на важните податоци. Исто така, уредите може да се полни безжично.

Цената на Pixel 3 во САД изнесува 799 долари со меморија од 64 гигабајти, а Pixel 3 XL чини 899 долари. Моделите со меморија со 128 гигабајти, чиишто цени се повисоки за 100 американски долари. Држачот за безжично полнење ќе чини дополнителни 79 долари. Како што се очекува, од ноември овие паметни телефони ќе се појават во продавниците во САД како и во неколку земји во Европа и во Азија.

Таблетот Pixel Slate, со дисплеј со дијагонала од 312,5 сантиметри, како што беше кажано на презентацијата, има вграден систем за заштита на штетни програми, како и сензор за отпечатоци од прстите. Уредот е опремен со две 8-мегапикселни камери, а екранот обезбедува особена јасност на сликата.

Цената на основниот модел на таблетот е од 599 долари па нагоре, тастатурата за него чини 199 долари, а стилусот уште 99 долари. Со купување на таблетот, компанијата обезбедува привремена претплата на YouTube TV. Pixel Slate се очекува да се појави во продавниците во САД, Велика Британија и Канада подоцна оваа година.

Паметниот звучник на Google Home Hub за разлика од повеќето уреди од овој тип од други производители, нема камера. Претставниците на Google го објаснија тоа со настојувањата да се осигури приватноста на сопствениците. Уредот е претставен во четири бои: темно сива, розова, светло зелена и бела.

Овој паметен звучник има вграден сензор за светлината која паѓа врз уредот, кои овозможуваат оптимално поставување на екранот. Вградени се и софтверски алатки за препознавање на гласот, како и за управување со автоматизираните домашни системи. На пример, уредот може да ги прикажува сликите од камерите за надзор.

Овој паметен звучник веќе е достапен за преднарачки во САД по цена од 149 долари. Од 22-ри октомври Google Home Hub се очекува да се појави во малопродажната мрежа во САД, Велика Британија и во Австрија.