ФОТО и ВИДЕО| Руски борбен авион се заби во станбена зграда

Руски борбен авион се забил во станбена зграда во градот Ејиск на југот на земјата, потврди во понеделникот Министерството за одбрана според кое причината за падот е пожар на еден од моторите на леталото.

Се додава дека несреќата на авионот од моделот „Су-34“ се случила во текот на тренажен ле од воениот аеродром на Јужниот воен округ. Авионот се урнал во градот, а според министерството се забил во дворот на станбената зграда.

„Според извештајот на пилотите кои се катапултирале, причина за падот на авионот е пожарот на еден од моторите при полетувањето. На местото на падот….. во една од станбените квартови, се запалило горивот во авионот“, се наведува во соопштението на министерството за одбрана кое го цитира агенцијата ТАСС.

Гувернерот на Краснодарската област, Венијамин Кондратиев на платформата Telegram објави дека веднаш излегол на местото во Ејиск. Додава дека службите за итни случаи веднаш започнале со гаснењето на пожарот, а активирани биле и сите регионални противпожарни и спасувачки служби.

Засега нема информации за жртви и настрадани. Според министерството за одбрана пожарот од авионот зафатил пет од деветте катови на станбената зграда или површина од околу 2.000 квадратни метри.

Градот Ејиск се наоѓа на брегот на Азовското Море, наспроти Мариупол.