(ФОТО и ВИДЕО) Спасувачите ја пребаруваат спалената територија на Орегон

Спасувачките служби и трагачи по исчезнати со обучени кучиња од неделата ги пренаруваат спалените урнатини ширум градовите во јужниот дел на Орегон, додека пожарите продолжуваат да го разоруваат Американскиот запад, а властите предупредуваат на масовни жртви.

Шумските пожари ширум сојузните држави Орегон, Калифорнија и Вашингтон уништија илјадници домови и погодија половина од малите градови ова лето, спалувајќи над 4 милиони хектари почва и усмртувајќи најмалку 33 лица на Западниот брег на САД.

По четирите дена многу жешко и ветровите време, викендот донесе помирни ветрови кои дуваа кон внатрешноста од Пацификот, и постудени и повлажни услови кои беа од помош на службите во ворбата со огнените стихии кои неконтролирани се ширеа претходно минатата седмица.

Најмалку десет лица загинале во Орегон додека десетици лица се водат како исчезнати во три јужни округа, според податоците на службата за итни случаи.

Во Калифорнија речиси 17.000 пожарникари со 29 големи пожари во неделата, според Калифорнискиот оддел за шумарство и заштита од пожари. Подобрените временски услови им помогнла да стават под контрола дел од стихиите. Повеќе од 4.000 домови и други градби сега се претворени во јагленосани уранитини само во Калифорнија.

Републиканскиот претседател Доналд Трамп треба да ја посети Калифорнија каде во понеделник ќе се сретне со сојузните и државните функционер. Тој изјави дека гувернерите на западните држави понесуваат дел од вината за силната сезони на пожарите изминатите години, бидејќи лошо управувале со шумите.