(ФОТО и ВИДЕО) Се урна стотина метри високиот вијадукт над Џенова

416

Вијадукот кој минува над северозападниот италијански град Џенова се ирна, а во моментов траат операциите за спасување, соопштија во вторникот од противпожарната служба.

Засега нема потврдени информации за настрадани, но неофицијално веќе се извлечени првите повредени.

Телевизијата SkyTG24, јави дека осум до девет возила се згмечени под урнатите делови од патот. Противпожарната служба на социјалните мрежи потврди дека се урнал вијадуктот Моранди и објави дека трае големата операција на спасување.

Според портпаролката Амалија Тадески, „најмалку 20 возила“ настрадале во несреќата. Спасувачките екипи веднаш ангажираа обучени кучиња за пребарување на урнатини. Се смета дека под нив има околу 40 лица. Двајца настрадани се извлечени од паднат автомобил.

Според снимките на социјалните мрежи, се урнал дел од вијадуктот кој е дел од автопатот А10 во должина од околу двесте метри. На ова место патот е на сто метри над земјата.

Crolla ponte sulla A10 (fermo-immagine filmato Polizia di Stato)
Crolla ponte sulla A10 (fermo-immagine filmato Polizia di Stato)

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.