(ФОТО и ВИДЕО ) Со изгореници на екстремитетите Грожан излезе од запалениот преполовен болид

Circuit in Sakhir, Bahrain, 29 November 2020. EPA-EFE/Bryn Lennon / Pool

Францускиот возач во Формула 1, Ромен Грожан, кој попладнево имаше страшна несреќа на трката во Бахреин, според првичните информации се здоби со изгореници на рацете и нозете.

„Ромен е во ред, не сакам да дадам медицински коментар, но имаше лесни изгореници на рацете и глуждовите. Очигледно е потресен … Сакам да им се заблагодарам на спасувачките екипи кои беа многу брзи. Редарите и луѓето на ФИА завршија одлична работа, беше страшно, како претпазливост и за понатамошно медицинско набљудување, нашиот пилот ќе биде префрлен во болница“, соопштија од тимот Хас.

Трката во Бахреин која беше прекината по самиот старт, во моментов е прекината поради санација на заштитната ограда на местото каде удри болидот на Грожан

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.