ФОТО и ВИДЕО| Србија: Десет килограми експлозив откриени во тајна просторија во „куќата на ужасот“ во Ритопек

Министерот за внатрешни работи Александар Вулин изјави во саботата дека е пронајдена „тајна просторија“ со десет килограми експлозив во куќа во местото Ритопек, што ја користеле членовите на групата на водачот на навивачите на Партизан, Вељко Беливук.

Повторното пребарувањето на споменатиот објект каде претходно во полициска акција беа откриени траги и докази за грозоморни ликвидации, меѓу другото за касапење и мелење на месото на жртвите на криманална група предводена од полуларно неречениот Веља Невоља со цел да се отстранат трагите за злосторствата, следеше по најновите сознанија на истрагата и полицијата добиени од припадници на ткн „Клан Беливук – Миљковиќ“.

„Пронајдена е тајна просторија во таа ‘куќа на ужасот’, до која дојдовме откако разговаравме со членовите на таа група. Пронајдовме големо количество оружје во просторијата, повеќе од десет килограми разни видови експлозив и индустриска машина за мелење месо, за мелење коски“ рече министерот, како што објавија од неговиот кабинет.

Министерот Вулин спомена дека јавноста не смее да дозволи никој да се обиде да го релативизира пронајденото и да го претстави како „политичка или навивачка пресметка“.

„Ова е пресметка со најсериозната организирана криминална група од „Земунскиот клан“и е пресметка со луѓе кои убија други луѓе на најмонструозен начин“, рече тој, додавајќи дека групата била подготвена со таа количина експлозив конфликт да води конфликт и со државата.

Вулин истакна дека не ја исклучува можноста во куќата во Ритопек да има такви простории.