(ФОТО и ВИДЕО) Тепачка, метеж и водни бомби во парламентот на Тајван

73

Жестоката расправија во петокот прерасна во тепачка во тајванскиот парламент, и тоа е веќе трет ваков инцидент во последните 15 дена, а некои пратеници ги нападнаа опонентите со водени бомби.

За тајванските пратеници физичките пресметки во парламентот не се непознати, а последните две седмици се особено бурни во текот на дискусијата за именувањето на идниот шеф на агенцијата задолжена за надзор над владата.

Физичките пресметки избувнуваа и кога се дискутираше за реформите и за намалување на пензиите пред четири години, во времето кога преседателката Тцаи Инг-вен ја презема должноста.

Пратеник на владејачката Демократска напредна партија (DPP) со бокс удрил колега од опозициската партија Куомитанг (KMТ). Веднаш пратениците на КМТ одговориле на нападите врз голегите од DPP со водени бомби, па овие биле принудени да навлечат пластични кабаници и да се штитат со картонски паноа.

Од DPP на чело на агенцијата Control Yuan ја предлагаат 70-годишната Чен Чу, позната активистка за човекови права која шест години минала во затвор во времето на диктатурата на Куомитанг. DPP има мнозинство во парламетот и таа во петокот, и покрај кавгите и физичката пресметка, го потврди нејзиниот статус на кандидатк.

Од КМТ тврдат дека 24 од 27-те кандидати именувани за членување во агенцијата Control Yuan, се тесно поврзани со DPP и оти станува збор за „досега најлошото именување“.

Чен Чу изјави дека ќе ја напушти DPP кога ќе биде потврдени нејзиниот именувања, за да ја зачува непристрасноста на оваа должност и ја обвини опозицијата дека ја обвинува со неосновани обвинувања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.