Трката во Светското првенство во класата Формула 1 за Големата награда за Велика Британија привремено беше прекината, бидејќи уште во првиот свиок дојде до судар на повеќе болиди.
Според снимките се чини дека возачот на Мерцедес Џорџ Расел ја предизвика несреќата со невнимателно престројување пред влегувањето во свиокот, и со своето задно тркало налета на еден болид на АлфаТаури возен од Французинот Пјер Гасли. Мерцедесот на Расел се заврти на патеката и удри во Алфа Ромео кој го возеше Киензот Жи Гуанју.
Токму кинескиот пилот го извлече најтешкиот крај, бидејќи неговиот болид се преврте се излизга на чакалот надвор од патеката, налета на гумената оградата и прелета преку неа. За среќа, според првите извештаи, минал без сериозни повреди.
Во сударот настрада и Тајланѓанецот Александер Албон од тимот на Вилијамс, а оштетен е и болидот на Јапонецот Јуки Цунода од АлфаТаури.
„По незгодата на стартот од трката Алекс Албон и Жу Гуанју се однесени во лекарскиот центар. Двајцата возачи си при свест и лекарите вршат дополнителни прегледи“, соопштија од Меѓународната автомобилистичка федерација (FIA).
Иако Макс Верстапен од Ред Бул одлично стартуваше и изби во првиот свиок пред Шпанецот Карлос Сајнц џуниор од Ферари кој имаше најдобра стартна позицијата, се чини дека во продолжувањето на трката возачите ќе ги имаат истите стартни позиции кои ги имаа на почетокот од трката.
https://www.youtube.com/watch?v=KGx_3aweKoE
Holly molly…. 🚩🚩🚩#Zhou is OK#BritishGP #F1 pic.twitter.com/pBsX2GtAfp
— Sound of Motorsport (@soundofmotor) July 3, 2022
Having watched @F1 ever since the early #1970s I can understand what I see, I only posted this footage from #F1TVpro *after* I realised that @ZhouGuanyu24 had survived this horrific crash 🙏🏼 Posted as evidence to who or what caused it, certainly not for entertainment. https://t.co/vouHwU1avg
— Eric JF Kleijssen 🇺🇦 (@EricJFKleijssen) July 3, 2022