ФОТО и ВИДЕО| Јужна Франција блокирана по силното невреме

Невремето со силни врнежи од вторникот ги блокираше автопатите и железничките пруги во јужна Франција, дел од училиштата се затворени а нормализацијата на железничкиот сообраќај се очекува дури викендов.

Едно лице е пријавено како исчезнато во вторникот вечерта, а еден работник настрадал од удар на гром, објави префектурата во Ним.

Привремено е затворен поплавениот автопат меѓу Ним и Менпелје, а железничкиот сообраќај меѓу двата града, исто така, е во прекин. Според железничкиот оператор SNCF, делници од пругата се блокирани и целосно под вода. Се проценува дека нема да бидат оспособени за сообраќај до викендот.

Во среда се очекува продолжување на врнежите, а за 13 управни окрузи издадено е предупредување од второто највисоко ниво. Сите училиште во општината Гард кои во вторникот биле најмногу погодени, ќе останат затворени во среда.

Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Дарманен, пристигна во погодената област во вторникот во вечерните часови, изразувајќи им поддршка на жителите и ги повика на крајна претпазливост следните денови. Додаде дека 900 пожарникари и припадници на службата за цивилна заштита се распоредени во регионот.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.