ФОТО и ВИДЕО| Земјотресот предизвика напукнати ѕидови и силна вознемиреност во Битола

Голем број битолчани вечерва излегоа на улиците каде се чувствува голема вознемиреност по серијата земјотреси кои се случија во близина на градот Лерин во Грција.

„Битола на 9. спрат хорори земјотресот“, „Битола убаво тресеше…“, „Не сте свесни како стресе во Битола“ се дел од коментарите коишто ги пишуваат вознемирените жители на Битола на социјалните мрежи.

Пратеникот Горан Милевски од ЛДП на својата Фејсбук страница сподели фотографии на коишто се гледа материјална штета од земјотресите, односно распукани ѕидови на дел од објектите во Битола.

Но, дека земјотресот беше силно почувствуван и во Скопје, сведочи и видео коешто беше објавено на социјалните мрежи.

Силен земјотрес со јачина 5,5 степени според Рихтер вечерва ја погоди Грција, а се почувствува низ цела Македонија,

Епицентарот на земјотресот бил 4 километри од Лерин, во близина на Македонија, на длабочина од 10 километри.
Земјотресот предизвикал и значителна материјална штета, односно испукани се ѕидовите во неколку згради низ Битола.

Граѓаните велат дека не паметат ваков земјотрес, а додаваат и дека вечерта ќе ја поминат надвор од своите домови, информира ТВ21.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.