(ФОТО) И во скопско Шуто Оризари организирано носење на гласање

Со возила, организирано, во неделата се врши притисок врз граѓаните на општина Шуто Оризари да одат на гласање, информираат жители на оваа скопска населба.

Информираат дека со автомобили гласачите се зимаат од пред нивните домовите, ги носат до гласачките места, а потоа ги враќаат дома. Додаваат и дека постоеле гласини дека власта наводно давала и поткуп за гласачите од оваа општина.