(ФОТО) Илјадници граѓани на протестот на ВМРО ДПМНЕ побараа да се врати старата цена на стујата

ВМРО-ДПМНЕ денеска со поддршка од граѓаните излезе на нов протест против поскапувањето на електричната енергија.

Протестот започна во 18 часот со почетна точка од Спортскиот центар „Јане Сандански“ и со возила се упатија кон Регулаторна комисија за енергетика.

Илјадници граѓани направија колони од возила и заедно со ВМРО-ДПМНЕ го искажаа својот револт и бунт кон оваа влада, кон Регулаторна комисија за енергетика поради поскапувањето на струја во време на криза од коронавирусот, кога многумина останаа на улица без работа и никакви приходи.