(ФОТО) Клинички ќе биде или како оној во Хјустон или владата нешто мати за 550 милиони евра

Ова е медицинскиот центар во Хјустон, Тексас кој го гради приватна компанија. Истиот чини точно 550 милиони долари. Има 19 спратови за студентски простории, 19 спратови за академски простории и 30 спратови медицински простории. Ќе биде целосно опремен, и изграден на површина од над 22 илјади квадрати метри.

Треба да се има во предвид дека Хјустон веќе има медицински центри, но нема ваков за кој приватната компанија ќе потроши вкупно 550 милиони долари, за град како Хјустон кој има над 7 милиони жители.

Деновиве Владата има предложено предлог закон за нов Клинички центар за кој првичната сума е 500 милиони евра и тоа само за сува градба, без пресметани дополнителни давачки.

Во 2018 година тогашниот министер за финансии Драган Тевдовски истакна дека парите за нов Клинички ќе бидат вратени без државата да плати пенали или дополнителни средства. Тој тогаш појасни дека договорот е склучен на 97 милиони евра, од кои 70 милиони се за Клиничкиот центар во Скопје и кои ќе бидат вратени во Банката на Советот на Европа.

Остана нејасно зашто Владата ќе ги врати парите, а дополнително сега ќе се задолжи за (сеуште не се знае колку) и сеуште министерството за здравство не кажува каде ќе се задолжиме за истото.

Министерството за здравство и Владата сега убедува дека за 550 милиони евра или скоро 670 милиони долари колку што би чинел новиот Клинички центар ќе изгледа како Медицинскиот центар во Хјустон кој чини дури и помалку од тоа што е предвидено за новиот Клинички центар. Притоа само сува градба, без предвидени академски простори, без наведени хируршки сали и медицински простории, за град колку Скопје што нема ни пола милион жители, ќе потрошиме или ќе се задолжиме, не знаеме каде, ни за колку точно пари .

Точната сума не е предвидена во новиот закон затоа што министерот се уште не знае колку ќе чини истиот. Или новиот Клинички ќе изгледа како на фотографиите од Хјустон или владата нешто мати со износите и од ракав ги одредува.