11.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

(ФОТО) Илинденско Крушево му порача на Заев да си замине „или милум или силум“

Вечерва опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ и бројните нејзини приврзаници протестираа во единаесет градови низ Македонија, како и во историското Крушево.

Жителите на овој град преку транспаренти и со автомобили му порачаа на премиеот Зоран Заев да си замине од власта „или милум или силум“.

„Вечерва од илинденско Крушево му порачавме на предавникот Заев, ќе си ја одбраниме Македонија и ќе си одиш, милум или силум. На крај памет нека не му паѓа ни него ни на неговите полтрони, изроди дека ќе му помине предавство на македонскиот идентитет јазик, историја. Македонија вечна! ОСТАВКА ЗАЕВ!!!“, порача од протесот Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ.