ФОТО| Има ли злоупотреба на ЕУ фондови? Објектот на крим-техника со сомнителен квалитет, сѐ уште не е завршен

Новиот објект на крим-техника чиј старт беше одбележан во декември 2019 година, требаше да биде завршен до 2021, но тој не е готов ни до сега, до 2023 година.
Согласно јавно достапните информации, средствата од ЕУ фондовите кои ги користи МВР за изградба на зградата се почнати во декмври 2019 година, а треба да се завршени 2021, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски тогаш уверуваше дека станува збор за објект што ќе биде опремен согласно сите најнови европски полициски стандарди во доменот на крим-техниката, односно форензиката.
-Или, попластично кажано, објект што реално претставува есенција во полициско-истражителското дејствување, така што со право очекуваме, во голема мерка да се подигнат на уште повисоко ниво не само професионалните стандарди, туку и конкретните ефекти на овој дел од оперативното полициско работење, рече Спасовски тогаш.
Но, дали е тоа така?
Средствата кои се одобрени и исплатени изнесуваат 3,1 милион, а се уште не е направен технички прием на објектот.
Зградата е направена со сомнителен квалитет, за што сведочат и следните фотографии, а при проба на водоводната мрежа е настаната и поплава.
Од тоа што е јавно достапно како информација, не е активирана банкарска гаранција приложена од фирмата која ја гради зградата.
Оттука, останува отворено прашањето- Дали има злоупотреба на ЕУ фондови и дали оваа градба која јавноста ја поврзува со ДУИ, е заштитена од министерот Спасовски?