(ФОТО) Индиската војска објави фотографија од траги од стапалки на Јети

Индиската војска на својот официјален Twitter објави дека пронашла отпечатоци од стапалата на Јети, митското суштество од Хималаи, и иако трагите би можело да бидат лажни, воениот извештај се чини вистинит, пишува научниот портал ScienceAlert.

„Првпат планинската експедиција на индиската војска забележала мистериозни траги од стапалките на митскиот ѕвер Јети“, пишува во постот објавен со фотографија од отпечатокот на стапалките во снегот.

Стапалката на наводниот Јети со димензии од 81 на 38 сантиметри била снимена на 9-ти април во близина на воениот камп на Макалу, во изолираното планинско подрачје меѓу Непал и Тибет.

Постот на индиската војска наиде на бурни реакции на корисниците на социјалните мрежи. Многумина тераат шега на сметка на твитот. Оние, пак, кои поверувале во веста, ѝ честитаат на војската, но повеќето од шесте милиои следбеници на Twitter не се премногу импресионирани од информациите.

„Отсекогаш снаев дека Тинтин е во право. Тој прв го забележал мистериозниот ѕвер“, напишал еден корисник алудирајќи на стрипот „Авантурите на Тинтин“. „Зарем не можевте прво да повикате некој стручњак за животни пред ваквото објавување?“, прашува друг твитерџија. Дел од корисниците е многу збунет, и се запрашуваат дали станува збор за шега.

Експедицијата на индиската војска од март до мај престојува на теренот на планината Макалу. На реакциите на корисниците на социјалните мрежи, индиската војска објави дека „видоезаписите и доказите во вид на фотографии им се предадени на стручњаци за проучување“. Војската додава дека сакала јавно да ја сподели веста за да се „поттикне научниот нерв и да се обнови интересот“ за постоењето на Јети, пишува BBC.

Во непалската народна традиција Јети е суштество слично на мајмун кое живее на Хималаи и во другите блиски подрачја. Постоењето на „снежниот човек“ Јети никогаш не е докажано, но постојат снимки на суштества направени од голема оддалеченост за кои се тврди дека го претставуваат Јети. С

Наводно во 2013 година група истражувачи анализирале влакна од ова митско суштество. Тогаш The Washington Post напиша дека студијата упатува на тоа дека станува збор за палеолитска поларна мечка, што би можело да значи дека се работи за „жив хибрид меѓу древната поларна мечка и некој друг вид, довлно необичен да ги инспирира фантазиите и да ги поттикне митовите кај локалното население кое го видело суштеството“.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.