(ФОТО) Иранската Анџелина Џоли осудена на десет години затвор за фотографии на социјалните мрежи

Иранската ѕвезда на Instagram, Фатимех Хишванд е осудена на десет години затвор откако на социјалните мрежи објавила обработени фотографии од нејзинот „исцрпено лице“, објави таблоидот The Daily Mail повикувајќи се на нејзината адвокатка.

Многумина „преобразувањето“ на девојката со помош на шминка и фотошопирање го сфатиле како шега, но на 5-ти октомври 2019 година иранската полиција ја уапсила заедно со уште три млади жени кои станале познати преку своите постови на Instagram.

Кишванд е осудена за „промовирање јавна корупција“, откако како што своевремено објави иранската новинска агенција Tasnim, првично била обвинета за богохулство, поттикнување на насилство, заработка на неприфатлив начин и охрабрување на корупција меѓу младите.

Деветнасетгодишната Сахар Табар, чиешто вистинско име е Фатимех Кишванд од Техеран, се прославила во 2017 година, кога беше објавено дека наводно се подвргнала на 50 операции за да изгледа како славната холивудска актерка Анџелина Џоли. Сепак, девојката подоцна призна дека успеала да постигне таков изглед едниствено благодарение на шминката и фотошоп.

Поради морничавиот изглед на една од фотографиите објавени на нејзиниот профил таа беше наречена и „Зомби Анџелина Џоли“. Речиси половина милион корисници на интернет го следеле профилот на младата Фатимех.

Во јули 2019 година, Фатимех Кишванд првпат го откри својот вистински изглед, појаснувајќи дека воопшто нема амбиции да изгледа како Џоли.

Иранската новинарка Масих Алинеџад за британскиот медиуми изјавила дека адвокатот на девојката ја потврдил пресудата, апелирајќи до вистинската Анџелина Џоли да се заложи кај иранските власти за ослободување на девојката стравувајќи дека младата Фатимех може да биде подложена на тортура во затворот.