(ФОТО) Изгоре кафулето „Фонтана“ во Мавровака

Доцна синоќа на социјалните мрежи се појавија видеа од голем пожар кој се случил пред трговскиот центар Мавровка во кафулето „Фонтана“.

Според неофицијалните информации, причинета е материјална штета а жртви нема.

Се очекува во текот на денот надлежните институции да излезат со детали за настанот.

Пред извесен период оваа локација беше актуелна во јавноста откако се појавија видеа за исеченото дрво лоцирано непосредно пред локалот.