(ФОТО) Јане Ченто нападнат во затворот во Шутка

Јане Ченто бил нападнат во притворот затворот во Шуто Оризари, објави во петокот вечерта новинарот Миленко Неделковски.

Јане Ченто и уште еден од обвинетите за настаните од 27-ми април минатата година во македонскиот парламент, Игор Југ, на рочиштето во декември изјавија дека ема да поднесат барање за амнестија, бидејќи како што кажаа не го признаваат селективниот закон и бараат за правдата да одлучува суд, а не политички елити.

Лично сакам вие судијке Кацарска и овој совет да ме судите, а не политичките елити кои го донесоа законот за селективна амнестија. Сакам да кажам дека доверба имам само во вас, зашто најмногу вие сакате да се дознае вистината за овој настан и да има правда. Точно е дека сме влегле во Собранието понесени од емоции, ама треба да се утврди точно кој што направил. Но само вие имате право да не судите и никој друг, а најмалку политичарите, и тоа во недокрај завршена постапка. Време е да докажеме како држава дека има владеење на правото. Јас нема да поднесам барање за амнестија, вие судете ме и кажете дали сум виновен или не, рече тогш Ченто, еден од 33-та обвинети за наводно „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.