ФОТО: Како е денес во Грција?

131
Како е денес во Грција?

Премиерот на Грција Алексис Ципрас во неговото телевизиско обраќање до нацијата изјави дека банките ќе бидат привремено затворени.

Тој нагласи дека Грчката Банка препорачала банките да останат затворени и да се воведат рестрикции на санкциите, по одлуката на ЕЦБ да не го зголеми износот на итната парична помош што грчките банки може да ја земат од ЕЦБ.

На банкоматот стои натпис „No money - (Нема пари)“
На банкоматот стои натпис „No money – (Нема пари)“

Српски „Курир“ објави фотографија од банкомат во Грција на којшто стои написот „No money – (Нема пари)“.

Инаку, во изминатите денови на граѓаните што планираат да одат во Грција им беше препорачано да носат доволно готовина, затоа што не беше исклучена можноста банкоматите да останат без пари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.