(ФОТО) Како изгледа најголемиот трговски центар кој ќе се гради во Дубаи

Официјалните лица на Дубаи објавија дека планираат да го изградат најголемиот шопинг центар на светот, вистински град кој ќе биде поврзан со покриени трговски улици за да се избегнат жештините.

dubai1

„Трговскиот центар на светот“ ( Mall of the world) кој ќе биде на површина од 743 илјади квадратни метри ќе биде поврзан со мрежа на трговски улици каде што температурата ќе биде контролирана, објави владата на Дубаи во соопштение.

dubai 2

Комплексот на овој центар ќе има и најголем покриен луна парк на светот како и културен кварт каде што ќе има театри и ќе биде поврзан со стотици хотели и наместени апартмани.

dubai 3

Променадата ќе биде долга седум километри и ќе ги поврзува сите згради, а ќе биде откриена на зима. На лето ќе биде затворена за да се избегнат жештините во Емиратите каде што температурата достигнува 50 степени од јуни до септември.

dubai 4

Владата не наведе кога планира да ги започне работите на овој проект кој го води Дубаи Холдинг, компанија во сопствеништво на шеикот на Дубаи, Мохамед бен Рашед ал Мактум.

„Имаме поголеми амбиции отколку да имаме само сезонски туризам. Сакаме Емиратите да постанат туристичка дестинација во текот на целата година,“ објасни тој.

Дубаи веќе го има еден од најголемите трговски центри на светот Дубаи Мол, и се наметна како регионален туристички центар искористувајќи ги потресите во арапскиот свет.Се надеваат дека со овој проект ќе привлечат милиони посетители годишно.

Поради должничката криза во 2009 година, во Дубаи беа откажани најголем дел од планираните големи проекти, но од тогаш започнаа да остваруваат економски раст.Емиратитет каде што нафтените ресурси пресушија, се преориентираа кон услуги.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.