ФОТО: Како изгледа упатството за апликацијата со која СДСМ прибираше лични податоци од граѓаните

Откако тимот на кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова пред неколку денови откри скандал коj укажува на сериозно прекршување на изборниот процес и неколку закони со кои се прекршуваат голем број лични прaва на граѓаните на Македонија, денеска јавноста е сведок и на упатството за употреба на оваа апликација.

Инаку според независни ИТ експерти кои ги консултираше тимот на Силјановска постојат сериозни индиции дека со помош на апликацијата која што е поставена на сервисот за апликации на Гугл Плеј, а која е направена од страна на владејачката СДСМ се прибираат лични податоци и мета дата од телефони на сите што ја симнале аликацијата.

Дополнително можеби уште пострашно, според индициите што ги имаат од тимот на Силјановска апликацијата се користи од членови на СДСМ кои што со нејзина помош добиваат целосен увид во интернет активностите на сите граѓани.