
Евакуациата на загрозените од Обреновац продолжува.
Во евакуацијата се ангажирани 10 хеликоптери на Војската на Србија, кои истовремено носат и храна и вода за загрозените граѓани.
Полициските хеликоптери денеска успешно евакуирале 1.777 луѓе.
Луѓето се без телефони, немаат сигнал и пребарувањето се врши врз основа на повиците на нивните роднини. Нема уште проценка колку луѓе останале.
Припадниците на специјалната антитерористичка единица и Специјалситичките чети на Жандармеријата, ноќеска ќе дежураат во Обреновац.
Жандармерите во чамците ќе имаат храна и вода за снабдување на граѓаните. Истовремено припадници на Жандармеријата ќе останат со граѓаните во ОУ “Јефимија“ се додека и последниот жител не биде евакуиран, соопшти МВР на Србија.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.