(ФОТО) Капитенот Ристовски им посака добредојде на Бугарите со – „Васко жабата“

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Стефан Ристовски не може да му помогне на тимот вечерва против Бугарија во Лигата на нации поради повреда.

Десниот бек не се појави на собирот, па не играше ниту против Грузија. Сепак, како вистински лидер тој е постојано со тимот, а денеска се огласи на социјалните мрежи. Тој ја повика публиката да направи достоен пречек за селекцијата на Бугарија и покрај затегнатите политички односи меѓу двете земји.

„Добредојдовте во Македонија… сега е наш ред… европски да ве пречекаме“, порача Ристовски преку „Инстаграм“, но интересн беше неговиот избор за музика во позадина на објавата, односно „популарната“ бугарска песна, „Васко жабата“.