ФОТО| Кардашјан и „Fendi“ лансираат модна линија Skims x Fendi

33

Некогашната риалити ѕвезда а сега претприемача Ким Кардашјан Вест ја објави новата колекција облека на својот бренд „Skims“ во соработка со италијанската модна куќа „Fendi“.

Колекцијата ќе биде претставена на 9-ти ноември, а секое парче облека ќе го има втисната монограмот Skims x Fendi.

Во колекцијата е и фустан од кожа во големата палета неутрални тоновои кој „се темели на естетиката на Рим и го преобликува телото во статуа“, објавија од „Fendi“.

Облеката е главно минималистичка, тесно припиена на фигурата, а токму на тоа почива комерцијалниот успех на „Skims“ откако брендот беше лансиран во 2019 година.

Минатата година брендот на Кардашјан склучи деловна соработка со американскиот дистрибутер „Nordstrom“ и оттогаш постојано расте. На Олимписките игри во Токио во јули „Skims“ стана официјален спонзор на долната облека на американските натпреварувачи.

Меѓутоа, замислата за партнерството меѓу „Fendi“ и „Skims“ потекнува од новиот уметнички директор на италијанската модна куќа Ким Џонс кој ја изложил на состаникот со соработниците во Рим.

„И Fendi и Skims имаа културна моќ, тие се многу различни но подеднакво силни. Иновативноста во ткаенините и формата типична за Skims во спрега со луксузот и квалитетот на Fendi, можеби на некои ќе им изгледа неочекувано, но сличноста меѓу нашите креативни визии и сели се многу блиски“, вели Вест.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by mrkimjonesOBE (@mrkimjones)

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by mrkimjonesOBE (@mrkimjones)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.