(ФОТО) Катастрофални услови во битолската болница

Медицинскиот центар „Д-р Трифун Пановски“ во Битола личи на сѐ, само не на здравствена установа, коменираат жителите на социјалните мрежи, а како поткрепа на нивните тврдења на интернете се споделуваат фотографии за катастрофалните услови во една од најпознатите здравствени институции во земјата.

Според сѐ судејќи, најавените реформи во здравството остануваат само неисполнето предизборно ветување. Во програмата на сега владејачката СДСМ, токму болницата во Битоа беше наведена како приоритет, а меѓу другото беше истакнато дека „ќе започне реконструкција и опремување, вклучително и неопходен кадар, на општите и клиничките болници“ низ Македонија. Се наведува дека првата фаза ќе ги опфати токму Битола и Струга.

Меѓутоа приложените фотографии од болницата во Битола и во нејзината околина говорат дека болницата е заборавена. Условите во кои се лечат пациентите се во најмала рака очајни. Заменик министерот за здравство Гоце Чакаровски, пак, доаѓа токму од Битола. Но, очигледно ни тој не мисли за условите во кои се лечат граѓаните од неговиот роден град.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.