ФОТО: Кавадарчани со масовна поддршка за ГДОМ

Граѓанското движење за одбрана на Македонија вечерва одржува трибина во Кавадарци.

Трибината на ГДОМ се одржува во Домот на културата во Кавадаци, кој е претесен да ги собере сите поддржувачи на ова граѓанско движење. Во Движењето членуваат историчари, научници, професори, новинари, глумци и други интелектуалци, кои порачуваат дека името, идентитетот, историјата, територијалниот интегритет и целоста на Македонија не треба да се става на „коцка“.

2

Граѓаните присутни на трибината даваат свои мислења за одбраната на Македонија и македонскиот народ, држава и идентитет, како и силна поддршка на ставовите изнесени од излагачите на трибината ГДОМ досега одржа трибини во неколку градови во Македонија, меѓу кои, Битола, Велес, Штип и Куманово, каде доби огромна поддршка.