На 78. филмски фестивал во Венеција, многу познати актерки со нетрпение ја очекуваа можноста да ги покажат своите гламурозни комбинации на црвениот тепих.
42-годишната актерка Кејт Хадсон избра неколку комбинации на облека за Филмскиот фестивал во Венеција, а таа секако привлече најголемо внимание во смелиот фустан на модната куќа Mônot.
Таа на својот профил на Инстаграм објави и фотографија во црниот фустан со длабоки изрези.
„Пред да излезете од дома, погледнете во огледало и соблечете една работа. Коко Шанел, јас избрав тоа да биде ткаенината“, се пошегувала Кејт со фотографија која собра повеќе од 800.000 лајкови.
Кејт во Венеција го промовира филмот Мона Лиза и крвавата месечина, во режија на Ана Лили Амирпур, во кој ја игра главната улога.