ФОТО | Ким Кардашијан го ќари поранешниот свршеник на Џенифер Лопез

Крис Џенер се обидува на секој можен начин да ги спои својата ќерка Ким Кардашијан и поранешниот свршеник на Џенифер Лопез, Алекс Родригез.

Кога станува збор за Крис Џенер, сè е јасно како ден – сѐ што ќе науми таа, главно и се остварува, а прекарот „мамаџерка“ не го добила без причина.

Крис овој пат смета дека пронашла совршен партнер за својата ќерка Ким, која поминува низ развод од раперот Канје Вест.

Имено, нејзиниот избор е, ни помалку ни повеќе, е поранешниот свршеник на Џенифер Лопез, бејзбол играчот Алекс Родригез. И додека Џеј Ло ужива во стара/новата врска со Бен Афлек откако ја раскина свршувачката со поранешниот спортист, самиот Родригез беше фатен со различни жени, но се покажа дека тој не е со ниту една од нив.

Сега се појавија наводите дека Алекс и Ким се во контакт со месеци, и дека флертуваат, а дека токму Крис е таа што ги поддржува во сè и ги „поттикнува“ на следниот чекор.

– Тие би можеле да станат американска златна двојка – наводно им рекла Крис на пријателите на Родригез.

– Ким не е вообичаена жена на која Алекс би паднал, но тој по секоја цена се обидува да најде некој со кого би можел да им контрира Џеј Ло и Бен – рекол извор близок до Родригез и додал:

– Одлично е и тоа што Ким е помлада од Џеј Ло, а Алекс е импресиониран од тоа што таа се обидува да стане и адвокат. Секој ден се во контакт, и тоа е многу. Сè уште е рано, но како што одминува времето, тие изгледаат сè посовршени еден за друг, а Крис врши притисок врз Ким да му даде шанса – рекле извори блиски до Родригез.

Aleks Rodrigez, Dženifer Lopez

ФОТО: Инстаграм