(ФОТО) Ким во седумчасовниот извештај повика на контрамерки за безбедност на земјата

324

Претседателот на Државнот совет на Демократска Народна Република Кореја (Северна) во текот на третиот ден од пленарната седница на Централниот комитет на владејачката Работничка партија на Кореја, изјавил дека е неопходно да се преземат дипломатски и воени одговори за да се обезбеди суверенитетот на безбедноста на земјата.

Како што пренесе севернокорејската службена новинска агенција KCNA, Ким Џонг-ун во својот извештај, кој го читал седум часа, ги изложил „прашањата за подготовка за преземање активени и офанзивни политичко-дипломатски и воени одговори за целосно осигурување на суверенитетот и безбедноста на земјата“.

„Барајќи усвојување на конструктивни и офанзивни мерки за потполното обезбедување на суверенитетот и безбедноста на земјата во моменталната ситуација, тој постави задачи во областа на надворешната политика, одбранбената идустрија и вооружените сили…“, пишува KCNA.

Во текот на седницата, Ким, исто така „целосно и детално ги анализираше“ проблемите кои се јавуваат во напорите за обнова на руинираната од децениските строги меѓународни санкции севернокорејска економија, и „додели задачи итно да се поправи сериозната состојба во главните индустриски сектори“, пренесува KCNA, што е првпат Пјонгјанг јавно да ја признае тешката ситуација и влијанието на санкциите.

Ким со највисоките функционери на партијата дускутира за ултиматот кој Северна Кореја им го постави на САД за промена на американскиот став за да се надмине застојот во преговорите за денукеларизацијата.

Пјонгјанг од Вашингтон бара да понуди нова иницијатива за да се надминат несогласувањата околу севернокорејската нуклеарна и балистичка програма. Оваа изолирана држава на почетокот од декември ги предупреди САД дека неуспехот во наоѓањето заеднички јазик потенцијално ќе резултира со непосакуван „божикен подарок“.

Пленарната седница на Ценралниот комитет на партијата, која започна во саботата, внимателно се следи во светот поради загриженсота дека Ким Џонг-ун може да се одлучи да ги прекине преговорите со САД и повторно да ги започне нуклеарните и тестирањата на интерконтинентални балистички проектили, кои не се изведени од 2017 година. Ким предупреди дека Северна Кореја ќе тргне по „нов пат“, догколу Вашингтон и натаму инсистира на санкции и притисоци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.