ФОТО| Кина гради макета на американски носач на авиони во пустината, тврдат САД

Кинеската армија изградила макета на американски носач на авиони и на други два американски воени бродови во својат северозападна пустина, најверојатно за вежби за гаѓање со проектили, се наведува во извештајот на американскиот Поморски институт.

Споменатата институција чиешто седиште е во сојузната држава Мериленд и е независна ода армијата на САД, соопшти во неделата дека сателитските снимки коишто ги добила откриле дека макетите на бродовите се поставенни во пустината Такламакан во региотно Ксинџијанг.

Лажниот носач на авиони е со иста големина како и оригиналот, што значи дека би требалод а изгледа слично на снимката на радарска џел, соопшто Поморскиот институт. Ова не е првпат такви макети да се забележуваат во кинеската пустина, но се наведува дека сегашните реплики се поточни и подетални.

На прашањето за извештајот, портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Ванг Венбин на редовниот брифинг со новинарите во понеделнкот во Пекинг рекол „Не ми е познато тоа прашање“.

Во последните месеци зајакнаа тензиите меѓу САД и Кина поради Тајван, кој Пекинг го смета за своја отцепена покраина, како и поради кинеското воено јакнење и полагањето на право на значителни области во Јужното Кинеско Море.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.