ФОТО| Која е жената чие тело мажите го сметаат за идеално?!

Девојките ширум светот се стремат кон идеално торзо, вложувајќи многу напори кои вклучуваат строги диети, часови и часови вежбање, козметички процедури, па дури и пластична хирургија.

Многумина сметаат дека во потрагата по модните треднови сите методи се добри, Секој има своите стандарди за убавината, има одамна воспоставен модел за формата на женската фигура, но дали тоа може да се смета за идеално? Каква фигура научниците ја сметаат за идеална?

Повеќето анкети и студии меѓу машката популација доведуваат до заклучокот дека „посилнот пол“ претпочита не сосма стандардни форми на женското тело. Научниците, затоа, откриваат кое е женското торзо кое одговара според димензиите по сите точки кои ги наведуваат мажите.

Таквото за мажите идеалното женско тело е „во сопственост“ на британската манекенка и актерка Кели Брук, која ги претставува жените во конфециската бројка + size. Во истражувањето биле вклучени група мажи, коишто ги оценувале височината, тежината, обликот на лицето и косата.

Пред неколку години, Кели имаше шест килограми помалку и се обидела да се пробие во една вообичаена агенција за модели, но се покажало дека премногу е „полничка“ и не ја минала строгата селекција.

Поради тоа, решила да се здебели и да се проба во „plus size“ димензиите, каде што веднаш станала популара. Таа не се срами од својот изглед и признава дека никогаш не посегнала по помош од пластичната хирургија. Сета нејзина убавина е сосема природна.

Вели дека притоа не се лишува од својата омилена храна, но редовно посетува спортси сала што ѝ помага вклучените калории рамномерно да се распоредат низ телото и да се формира апетитната и податна фигура.

И покрај постоењето на измислените стандарди и бројни натпревари за избор на убавици, вкусовите на мажите сепак со години не се менувале. Затоа, на девојките им се советува пред да се залетаат да обликуваат фигура според шаблонот 90/60/90 и притоа да се исцрпуваат себеси откажувајќи се од многу задоволстав, да ја погледнат Кели,која не се одрекува од ништо, но точно знае како да се одржува во врвна форма.