ФОТО| Кој рече дека Кичево нема отворен базен?

„Кичево доби луксузен базен од отворен тип“. Вака се шегуваат членовите на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Кичево, кои синоќа ги искористиле вировите на улиците во градот за да направат герила акција и да постават чадори за сонце, гуми за пливање и секакви летни реквизити…

„Кој рече дека Кичево нема Базен од отворен тип? Благодарение на ажурноста на локалната самоуправа предводена од загрижениот ни Фатмир Дехари ние од Унијата на млади сили – Кичево вечерва имавме прилика да уживаме во ЕУ вредности“, наведено е во објавата.