ФОТО: Комунална хигиена ќе заловува улични кучиња за два милиони денари

Комунална хигиена Скопје распиша тендер за заловување на улични кучиња, набавка на мрежа за заловување кучиња како и кафези за вртоглава сума на пари.

Како што пренесува Курир Станува збор за тендер од 2 милиони денари, додека за истите ставки на претходниот тендер во 2017 година се потрошени 300 илјади денари.

Во Договорот за јавна набавка на опрема за заловување и транспорт на кучиња од 2017 година во време траење од една година за заловување се потрошиле 290 илјади денари, за мрежи 6.800 денари, додека пак за кафези 3.190 денари, или пак вкупно 299,990 денари, додека во набавката која во овој момент ја бара Комуналната хигиена Скопје изнесува вртоглави 2 милиони денари за истите овие работи во истиот овој период.