(ФОТО) Косово смета дека Вучиќ го крши договорот од Вашингтон

Косовската министерка за надворешни работи Мељиза Харадинај Стубла го критикувала српскиот претседател Александар Вучиќ.

Таа изјавила дека Вучиќ ги крши точките од договорот постигнат на 4 септември во Вашингтон.

Стубла на Твитер напишала дека Косово е многу загрижено за „деструктивното однесување на Вучиќ“.

Таа се осврнала на средбата меѓу претседателот на Србија и палестинскиот амбасадор, на која Вучиќ, меѓу другото, ѝ се заблагодарил на Палестина за принципиелното непризнавање на Косово.

„Косово со голема загриженост ги следи деструктивните активности на Александар Вучиќ. Прекршувајќи ја точката 15 од договорот во Вашингтон, тој денес му се заблагодари на палестинскиот амбасадор што не го признава Косово За жал, Србија останува неверодостоен партнер”, напишала Харадинај Стубла на Твитер.

Патем, во 15-та точка од договорот од Вашингтон, се вели дека Србија се согласува на мораториум на кампањата за повлекување на признавањето на Косово.