ФОТО| Ковачки: Во беровско Ратево ги слушнавме проблемите на граѓаните и ветивме дека ќе ставиме крај на пљачкањето на народните пари кое го прави Владата на СДС и ДУИ

Тим на ВМРО-ДПМНЕ предводен од Драган Ковачки, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беше во посета на населено место Ратево, општина Берово. Ова е активност во рамки на кампањата „Ова е Македонија, Македонија за сите“.

„Тука сме да ги слушнеме проблемите со кои се соочуваат граѓаните од населеното место Ратево, да видиме со какви проблеми се соочуваат кои се настанати од аздисаната и неодговорна власт на СДС и на ДУИ кои ветуваа дека ќе донесат живот во РМ, а она што го гледаме е само грабеж, криминал корупција, пљачкање на народните пари преземање на обврски кои не се во состојба да ги исполнат и за кои немаат никаков легитимитет“, рече Ковачки.

Ковачки посочи дека СДС и ДУИ имаат преземено обврска да исплаќаат народни пари за непочнати активности.

„СДС и ДУИ имаат преземено обврска за да исплаќаат народни пари, односно пенали на странска фирма за работи за кои се немаат случено. Пенали во висина да речеме за изградба на клинички центар кој му недостига на овој крај на Македонија“, посочи Ковачки.

Ковачки рече „за ова ќе мора да има одговорност“.

„Ние се обврзуваме дека веднаш по промена на власта за ова мора да има одговорност. ВМРО-ДПМНЕ како одговорна и сериозна политичка партија ќе преземе мерки и активности за заздравување на РМ, да покажеме дека не сме исти како и останатите“, заклучи Ковачки.